5,5 илјади помалку субјекти со блокирани сметки
Завршните сметки на речиси 92 илјади фирми се обработени и јавно достапни ...

25 илјади фирми не доставиле завршна сметка за 2013-тата во законскиот рок. Се вршат проверки дали имале деловна активност. Ако до крајот на годинава не поднесат документ им се заканува бришење, повеке нема да постојат.
„Процес согласно законот за објавување на веб страната или во печатени и електронски медиуми за да видат други субјекти дали некоја од фирмите е нивен должник за да покренат ликвидациона или стечајна постапка“, вели Ванчо Костадиновски, Директор на Централен регистар на РМ.
Завршните сметки на речиси 92 илјади фирми се обработени и јавно достапни. Само 15 насто од нив ги испратиле преку он- лајн системот . Другите го практикувале поднесувањето во хартиена фирма.
„Додека траеше поднесување на завршните сметки системот беше стабилен, од 92 илјади, 14 илјади поднеле електорнски, тоа е само 15 насто“, изјави Драган Митковски - претседател на Комора на сметководители ССК.
За пет и пол илјади е помал бројот на субјекти со блокирани трансакциски сметки - вели директорот на Централниот регистар.
Се очекува и банките да проверат и пристапат кон бришење на седум илјади трансакциски сметки на блокирани фирми кои не ги платиле обврските кон банките или имаат долгови кон државата или други компании.
Сузана Фиданска- Стоевска
