Влада

Премиерот Ковачевски ќе се обрати на Денот за високи гости на вежбата „Immediate response 23“

29.05.2023 08:34

Како што соопштуваат од владината прес-служба, во рамки на Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Брз одговор 23“ (Immediate response 23) денес на армискиот полигон „Криволак“ свое обраќање ќе имаат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерката за одбрана, Славјанка Петровска...

Како што соопштуваат од владината прес-служба, во рамки на Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Брз одговор 23“ (Immediate response 23) денес на армискиот полигон „Криволак“ свое обраќање ќе имаат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

На Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Брз одговор 23“ (Immediate response 23), припадниците на армиите кои учествуваат во вежбата ќе презентираат комбинирани копнени активности: „Мултинационална чета во напад, поддржана со артилериска, воздушна и противоклопна поддршка“.

Во предвидените вежбовни активности предвидена е употребата на роботизираното софистицирано возило т.н. „Project Origin“, кое е во пробна употреба на Армијата на САД и кое за прв пат ќе тестира во вежбовни услови испалување на противоклопна ракета од типот „Javelin“ која е дел од неговото вооружување.