Концерт

Хуманитарен концерт на Камерниот оркестар „Ајга“ големиот виртуоз на виолина Кирил Трусов

29.05.2023 09:13

Денеска со почеток во 20 часот ќе се одржи последниот концерт од првата сезона на фестивалот 46-те денови на македонска музика, во организација на сојузот на композитори на Македонија. Како солист ќе настапи врвниот светски виолинист Кирил Трусов...

Денеска со почеток во 20 часот ќе се одржи последниот концерт од првата сезона на фестивалот 46-те денови на македонска музика, во организација на сојузот на композитори на Македонија. Како солист ќе настапи врвниот светски виолинист Кирил Трусов.

На програмата ќе бидат одбележани јубилеите на македонските композитори кои оставија траен белег во развојот на македонската уметничка музика, 80 години од раѓање на композиторот и академик Ристо Аврамовски, делото „Пролетна симфонија“ и 90 години од раѓањето на композиторот и диригент Драган Шуплевски, делото „Македонско капричо“.

Камерниот оркестар „Ајга“ предводен од диригентката Ана Спасовска заедно со големиот виртуоз на виолина Кирил Трусов од Германија ќе го изведат и делото – концерт за виолина и оркестар на Феликс Менделсон. Сите средства од билетите ќе бидат донирани во хуманитарни цели.