Косово

Нови инциденти на северот од Косово

29.05.2023 09:19

Етничките Срби во северно Косово се обидоа да ги заземат општинските згради поради работата на албанските градоначалници...

Нови инциденти на северот од Косово. Граѓаните од српска националност повторно се собраа пред општинските згради во Звечан, Зубин Поток и Лепосавич, каде што минатата недела со работа почнаа албанските градоначалници.

Полицијата фрли солзавец врз вработените во општина Звечан, кои претходно биле пуштени од КФОР. Тие неколкупати се обидоа да влезат во објектот и да го пробијат кордонот на специјалните единици. . Наставата во градинките, училиштата и факултетите е прекината. Тензично е и во Зубин поток и Лепосавич.