МВР

139 санкционирани сообраќајни прекршоци во Скопје

29.05.2023 09:39

На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 22 санкции за возење под дејство на алкохол...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 22 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, четири за возач почетник, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.