Белград

Дојави за бомби во основни училишта во Белград и Крагуевац

29.05.2023 09:49

Во неколку основни училишта низ Србија од утрово пристигнуваат дојави за бомби, јавуваат српски медиуми...

Во неколку основни училишта низ Србија од утрово пристигнуваат дојави за бомби, јавуваат српски медиуми.

Во тек е увид во некои училишта, по што ќе се знае дали учениците ќе влезат во училниците.

За некои училишта веќе е утврдено дека се работи за лажни дојави.

Дојави за бомби утрово добиле и две основни училишта во Крагуевац.

Полицијата ги евакуирала и тие објекти, каде во тек е контрадиверзантски увид.