Koшарка
Вардар го победи Водно во финалето на завршниот турнир од кошаркарското првенство
29.05.2023 12:27
На натпреварот одигран синоќа во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, најефикасни во победничкиот тим беа Павел Иванов со 20 и Никола Поповиќ со 19 поени...

Екипата на Вардар го победи Водно со 85:77 во финалето на завршниот турнир од кошаркарското првенство за играчи до 18 години.
На натпреварот одигран синоќа во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, најефикасни во победничкиот тим беа Павел Иванов со 20 и Никола Поповиќ со 19 поени.
Кај Водно Санс се истакнаа Коста Кириловски и Никола Јаничиќ со по 17 поени. Во натпреварот за 3-то место, Работнички го победи Феникс со 77:65.
Фото:/ Facebook: Кошаркарски клуб Вардар
