Фудбал

Килијан Мбапе по четврти пат прогласен за најдобар играч на француската лига

29.05.2023 12:51

Тој е првиот фудбалер кој четирипати по ред е прогласен за најдобар играч во француската лига...

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе по четврти пат по ред е прогласен за најдобар играч на француската лига за оваа сезона во изборот на Унијата на професионални играчи на Франција (УНФП).

Сезонава 24-годишниот напаѓач сезонава во 33 натпревари и постигна 28 голови со што е најдобар стрелец во првенството. Тој е првиот фудбалер кој четирипати по ред е прогласен за најдобар играч во француската лига.