Шаќири на билатерални средби во рамки на скрининг процесот во Брисел
Во рамки на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија, министерот за образование и наука Јетон Шаќири од денеска е во тридневна работна посета на Брисел, каде ќе се одржи билатерален скрининг за Поглавје 26 Образование, култура, млади и спорт и за Поглавје 20 – Индустриска сопственост...

Во рамки на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија, министерот за образование и наука Јетон Шаќири од денеска е во тридневна работна посета на Брисел, каде ќе се одржи билатерален скрининг за Поглавје 26 Образование, култура, млади и спорт и за Поглавје 20 – Индустриска сопственост.
На билатералните средби министерот Шаќири ќе даде целосен преглед на реформите во контекст на евроинтегративните процеси како и за подготвеноста на државата да биде активен чинител во европските истражувачки мрежи.
Модернизацијата и унапредувањето на образованието и науката се основа за градење креативен и квалитетен човечки капитал како услов за развој и просперитет на демократското општество.
