Македонија

Одложено рочиштето за судењето во кое македонската дијаспора го тужи Османи за клевета

29.05.2023 14:10

Министерот за надворешни, Бујар Османи не се појави на рочиштето за клевета. Toj е на меѓународна конференција во Братислава. Тужителите побараа предметот да не се одолговлекува...

Министерот за надворешни Османи не се појави на рочиштето пред Граѓанскиот суд, на коешто требаше да биде ислушан како сведок во случајот со тужбата на Македонското меѓународно движење за човековите права од Канада. Неговата одбрана со став дека е отсутен поради учеството на Форумот ГлобСек во Братислава. Адвокатот на тужителите со порака да не се одолговлекува случајот.

„Се надеваме дека за наредното рочиште ќе биде присутен, тоа е впрочем наше заложба барање, да биде ислушан, што и е интерес на објективно утврдување на фактите“, изјави адвокатот на министерот за надворешни работи, Љупчо Илиев.

„Еднаш ќе простиме, ако има оправдани причини да не се разгледува во недоглед да се развлече“, изјави Трајче Торов, адвокат на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада.

Од Македонското движење поднесоа тужба против Османи за навреда и клевета бидејќи тој, лани, во октомври, за бугарската телевизија БТВ изјавил дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград. Османи го посочи токму ова движење, како еден од финансиерите на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград.

Марина Стојанова Тонева