Здравство

Објавен оглас за 40 нови вработувања во Здравствен дом - Скопје

29.05.2023 14:17

До петок општи лекари, специјалисти, дефектолози, логопеди, психолози ќе можат да конкурираат за вработување во Здравствен дом Скопје. Ќе има четирисетина вработувања од кои половина ќе бидат општите лекари...

До петок општи лекари, специјалисти, дефектолози, логопеди, психолози ќе можат да конкурираат за вработување во Здравствен дом Скопје. Ќе има четирисетина вработувања од кои пола ќе бидат општите лекари. Првиот човек на Здравствениот дом вели дека со ова ќе надомести недостигот што предизвикува проблеми со години.

Жителите на Бутел добија нова амбуланта. По реновирање на амбуланта во Ѓорче Петров и Лисиче, надлежните најавуваат подобри услови и за лекарите и за пациентите во другите скопски општини.

На констатацијата поврзана со пожарот во модуларната болница во Тетово и недовербата на граѓаните во монтажните објекти, Исјановски вели дека фирмата којашто градела ги презела сите безбедносни мерки.

 

 

Наташа Јанчиќ Менковски