Македонија

Судски совет ги отфрла како неосновани тврдењата на холандскиот амбасадор за изборот на новиот претседател на СС

29.05.2023 14:28

Судскиот совет функционира законски и согласно дадените надлежности, заклучок на работниот колегиум, на кој биле отфрлени како неосновани тврдењата на холандскиот амбасадор Коп...

Судскиот совет функционира законски и согласно дадените надлежности, заклучок на работниот колегиум, на кој биле отфрлени како неосновани тврдењата на холандскиот амбасадор Коп дека новиот претседател на судски е избран во нелегитимна процедура и затоа се става во мирување 4-годишниот проект финансиран од Холандија.

Од таму потенцираат дека првиот човек на институцијата е избран на седница со потребниот број гласови. Советот ги повика надлежните да ги испитаат сите сомнежи за корупција, потсетувајќи дека Врховниот суд дополнително и во законска процедура ги проверува сите одлуки донесени за проверка за одговорноста на судиите преку жалбениот совет.