Шпанија
Шпанскиот премиер Санчес распиша предвремени избори, по тешкиот пораз
29.05.2023 14:33
Санчез соопшти дека го информирал шефот на државата, кралот Фелипе Шести, за неговата одлука, која дојде по одлучувачката победа на конзервативците над левицата на вчерашното гласање...

Шпанскиот премиер, Педро Санчес, распиша предвремени парламентарни избори на 23-ти јули, откако владејачката левичарска коалиција доживеа тежок пораз од опозициските конзервативци на регионалните избори.
Санчез соопшти дека го информирал шефот на државата, кралот Фелипе Шести, за неговата одлука, која дојде по одлучувачката победа на конзервативците над левицата на вчерашното гласање.
Тој, претходно, рече дека сака да го одработи својот мандат до крај и дека изборите ќе се одржат во декември.
