Русија
Русија распиша потерница по сенаторот Греам
29.05.2023 14:34
Во монтирано видео, наводно, од средбата на Греам со Зеленски, сенаторот е прикажан како вели „русите умираат“...

Министерството за внатрешни работи на Русија го стави американскиот сенатор Линдзи Греам, на листата на барани лица и распиша потерница по него.
Во монтирано видео, наводно, од средбата на Греам со Зеленски, сенаторот е прикажан како вели „русите умираат“, а потоа вели дека поддршката на САД е „најдобрите пари што некогаш сте ги потрошиле“.
Греам ги оспори руските критики за неговата поддршка за Украина.
