Политика

Спротивни ставови за уставните измени

29.05.2023 14:40

ВМРО-ДПМНЕ и денеска побара премиерот Ковачевски, што поскоро да го достави на гласање во парламентот прашањето за уставни измени. Тврдат дека власта нема мнозинство за да бидат изгласани. Од партијата го повторија веќе познатиот став дека нема да ги поддржат уставните измени. Од СДСМ велат време е за одговорност пред граѓаните и европската иднината на државата од сите партии, вклучително и од ВМРО-ДПМНЕ. Очекуваат во наредните 10 дена да се случи и лидерска средба …

Уставните измени за едни бугарски диктат за други чекорење по европски пат. Опозицијата инсистира премиерот Ковачевски поскоро да го достави на гласање во парламентот прашањето за уставни измени. Тврдат за измените нема мнозинство во парламентот и потоа да се распишат избори. Опозицијата бара паралелно со ова премиерот до Собранието да ја поднесе и неговата оставка.

Владејачката СДСМ пак ја потенцира европската иднина преку уставните измени кои треба, како што велат да се случат најдоцна до крајот на годината, а очекуваат и позитивни вести од скората лидерска средба.

Разликите на политичката сцена остануваат иако сигналите од надвор се дека уставните измени потребно е да се случат час поскоро, за како што велат странските дипломати земјата да го оствари зацртаниот влез во Европската унија.

 

Миле Ристески