Мултинационална вежба „Брз одговор 23“
Македонија е фактор на стабилност, сигурна и безбедна НАТО-земја со поволен амбиент за инвестиции. На Криволак – презентација на комбинирани копнени активности „мултинационална чета во напад, поддржана со артилериска, воздушна и противкопнена поддршка“...

Хеликоптери „Блек Хок“, „Чинук“, Ми-8, пешадиски единици од четири НАТО членки и една партнерска учествуваат на најголемата досега мултинационална вежба „Брз одговор 23“ на Криволак. Најмногубројни околу 1.000 се припадници од Националната гарда на Американската сојузна држава Минесота, околу 500 македонски војници и сили од Албанија, Црна Гора и од Косово.
Две роботски возила од проектот „Орион“ успешно демонстрираа дека можат прецизно да проценат и погодат цели со митралези и со проектили како поддршка на пешадиските единици.
Целта на вежбата „Брз одговор 23“ е подигнување на борбената готовност и интероперативност. Заедничката организација со американските сили за Европа и Африка го покажуваат на дело стратешкото партнерство.
Ирина Гелевска
