Македонија

Лога го потпиша Упатството со кое се предвидува да стои графа за етничка припадност во изводите

29.05.2023 16:28

Ова Упатство ќе стапи на сила по истекот на осум дена од објавувањето во Службен весник...

Министерот за правда, Кренар Лога го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност.

Ова Упатство ќе стапи на сила по истекот на осум дена од објавувањето во Службен весник за изводите на родените додека за другите изводи поради финансиски импликации, Упатството ќе започне да се применува од 1-ви јануари 2024-та година, информираат од Министерството за правда.