Пендаровски: На 1-ви декември сами себе ќе се блокираме ако не се изгласаат уставните измени
Уставните измени да влезат во Собранието, иако сè уште не е утврдено соодветното мнозинство за нивно усвојување, порака од денешната прес-конференција на претседателот Пендаровски. Владата треба утре да ги достави измените до Собранието. Ковачевски повика на сплотеност. Според премиерот, ќе бидат предложени неопходните измени за да се оствари европската интеграција на земјата…

На 1-ви декември сами себе ќе се блокираме ако не се изгласаат уставните измени, затоа е загриженоста на САД, рече претседателот Пендаровски. Шефот на државава вака ја коментираше изјавата на американскиот сенатор Крис Марфи, кој минатата недела беше во посета на Македонија. Извести дека ги знае амандманите што ќе бидат поднесени од Владата до Собранието и за нив смета дека се целосно во рамките на она што Собранието го побара пред една до една и пол година.
Премиерот Ковачевски порача пратениците да гласаат за доброто на народот, а не за кариерата на кој било политичар.
Ковачевски повика на политичка сплотеност, заедништво, обединување и издигнување над политичките, идеолошки разлики во име на поквалитетен живот и посигурна иднина на сегашните и на идните генерации.
Ана Јосифоска-Тодоровска
