Петровска: Заедно сме посилни во НАТО
„Орион“ ги покажа перформансите на современото вооружување. Една од последните американски генерации на Криволак управувана од американските војници од Минесота најбројни, по нив македонските. „Брз одговор 23“ ја покажа оперативноста на сојузниците…

Хеликоптери „Блек хок“, „Чинук“, „МИ-8“, пешадиски единици од четири НАТО-членки и една партнерска учествуваат на најголемата мултинационална вежба во земјава „Брз одговор 23“ на армискиот полигон Криволак. Најмногубројни се припадниците на националната гарда на американската сојузна држава Минесота, речиси илјада, македонската армија е со 500 војници, и преостанатите 350 од Албанија, Црна Гора и од Косово.
Првпат на вежба на Криволак се претставени и двете роботски возила од проектот „Орион“ што успешно демонстрираа прецизен погодок, цели со митралези и проектили. Оружјето од новата генерација служи за поддршка на пешадиските единици.
Целта на вежбата „Брз одговор 23“ е подигнување на борбената готовност и интероперативност. Заедничката организација со американските сили за Европа и Африка го покажуваат на дело стратегиското партнерство меѓу сојузниците, вели министерката за Одбрана.
Вежбата „Брз одговор 23“ е дел од мултинационалната вежба „Дифендер“ којашто се спроведува во осум европски држави.
Ирина Гелевска
