АМСМ

Експресниот пат Штип- Кочани во прекин поради сообраќајка

29.05.2023 18:14

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен...

Експресниот пат Штип- Кочани од 12:50 часот денеска е во прекин поради сообраќајна незгода, соопштуваат од АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.