Свет

Тридневна средба на УНЕСКО за ставање крај на глобалното загадување со пластика

29.05.2023 18:54

Состанокот во Париз, кој ќе трае до 2 јуни, и е втор од петте сесии во процесот.

Претставници на 175 држави учествуваат на средба седиштето на УНЕСКО, на која треба до идната година да се постигне напредок за ставање на крај на загадувањето со пластика.

Состанокот во Париз, кој ќе трае до 2 јуни, и е втор од петте сесии во процесот.

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека глобалното загадување со пластика е „темпирана бомба“ и ги повика земјите-учеснички да стават крај на денешниот „глобализиран и неодржлив“ модел на производство, каде побогатите земји извезуваат пластичен отпад во посиромашните.

Тој додаде дека првите приоритети на преговорите треба да бидат да се намали производството на пластика и да се забранат „што е можно поскоро“ најзагадувачките производи како пластиката за еднократна употреба.