Манчестер сити ќе добие рекордна награда за освојување на Премиер лигата
29.05.2023 18:57
Кога стана шампион минатата сезона Манчестер сити заработи 153 милиони фунти.

Манчестер сити ќе добијат рекордна награда за освојување на Премиер лигата. „Граѓаните“ ќе заработат 165,7 милиони фунти, пишува „Дејли мејл“.
Во сумата се вклучени договори за преноси во Англија и странство, позиција на табелата, дел од профитот и чести настапи на британската телевизија во живо. Вкупниот награден фонд за сезоната за 20 клубови изнесува 2,6 милијарди фунти.
Кога стана шампион минатата сезона Манчестер сити заработи 153 милиони фунти.
Тимот на Гвардиола трет пат по ред и деветти пат во историјата стана шампион на Англија. На 10 јуни Манчестер сити ќе игра против Интер во финалето на Лигата на шампионите.
