Политика

Мицкоски прифаќа лидерска средба, нема да се согласи за промена на Уставот

29.05.2023 21:12

Ова нема да биде последно барање на нашиот испочен сосед- дали сте чуле некогаш источниот сосед да не насловува како македоснки народ, и дека го признава македонскиот јазик, праша на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево лидерот на опозицијата Мицкоски. Ковачевски според Мицкоски коленичи во амбасадите и го понижува македонскиот народ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на трибина во Делчево истакна дека повеќе од 80 проценти од македонскиот народ е против прифаќање на како што вели, бугарскиот диктат, и дека партијата нема да се согласи за промена на Уставот под овие околности ни сега ни во иднина. Во својот говор најави дека ќе присуствува на најавената лидерска средбата зошто смета дека е потребно да се учествува на средби кога е во прашање државата.

„Овие денови најавија лидерска средба. Немам, да бидам искрен, голема надеж, иако ќе присуствувам на средбата, затоа што секогаш кога се разговара за иднината на Македонија, сметам дека е потребно да се учествува. Воедно, на таа средба, сакам премиерот да биде свесен за времето откако уставните промени ќе пропаднат“, истакна Мицкоски.

Според него, секоја влада треба да го слуша гласот на народот, а оваа влада на ДУИ потпомогната од помалиот коалиционен партнер СДСМ, го слуша само гласот на парите.