Денеска избор на нов ректор на УКИМ
На Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, се спроведува гласање за избор на нов ректор на УКИМ. На конкурсот се пријавија шест професори и сите кандидатури беа прифатени од Универзитетската изборна комисија.

На факултетите и институтите во состав на Универзитет „Свети Кирил и Методиј“во Скопје , се спроведува гласање за избор на нов ректор на УКИМ. На конкурсот се пријавија шест професори и сите кандидатури беа прифатени од Универзитетската изборна комисија.
Вработување млад академски кадар со асистенти, зајакнување на кадровскиот потенцијал на УКИМ, покачување на платите на наставниот кадар и администрација и постојан развој на студиските програми, меѓу врвните приоритети на кандидатите.
Новоизбраниот ректор на најстариот и најголем Универзитет во државава, ќе има мандат од три години, а функцијата ќе ја преземе од 16 септември.
