Уставни измени

Владата денес треба ја усвои и достави во Собранието Предлог-иницијативата за уставни измени

30.05.2023 09:18

На денешната седница се очекува Владата да ги разгледа и да ги прифати предлозите на работната група за вметнување на 6 народи во Уставот, меѓу кои и бугарскиот. Потоа нацрт-уставните амандмани треба да влезат и во собраниска процедура...

На денешната седница се очекува Владата да ги разгледа и да ги прифати предлозите на работната група за вметнување на 6 народи во Уставот, меѓу кои и бугарскиот. Потоа нацрт-уставните амандмани треба да влезат и во собраниска процедура.

Работната група на седница во петокот ја усвои Предлог-иницијативата за потребата од отворање на Уставот. Се предлага промените да бидат во делот на преамбулата со тоа што по бошњачкиот народ се додаваат зборовите: бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“. Втората измена е во делот за дијаспората и во амандманот за комитетот за односи меѓу заедниците.

Од претставниците на САД и ЕУ јасна порака-менувањето на преамбулата на Уставот е гаранција за почеток на новата фаза од преговарачкиот процес на Македонија со Европската унија. За поддршка, дел од партиите од албанскиот блок бараат и бришење на одредницата 20 проценти и да се замени со албански јазик.