Култура
Ретроспективна изложба на творештвото на Владимир Темков
30.05.2023 09:50
Ретроспективна изложба на 40 – годишниот опус на ликовниот уметник Владимир Темков ќе биде отворена утревечер со почеток во 20 часот, во Чифте амам...

Ретроспективна изложба на 40 – годишниот опус на ликовниот уметник Владимир Темков ќе биде отворена утревечер со почеток во 20 часот, во Чифте амам.
„Основното тежнеење на Темков е да создава како што чекори, да слика како што дише. Идеал му е природната едноставност, па тој слика во динамичен дух, слободни и моќни потези, а во исто време кротко и контемплативно, пренесувајќи повеќезначни мисловни пораки. Тоа, пак, води кон една динамична композиција на бојата во допир со природата, каде што се е во движење и менување“, велат од Националната галерија.
