Мајами победи за финале со Денвер
Кошаркарите на Мајами Хит ги совладаа Бостон Селтикс со 103:84 во решавачкиот седми натпревар од финалето на Источната конференција и со тоа се пласираа во големото финале на НБА лигата со вкупни 4-3. Мајами Хит ќе игра со Денвер Нагетс во финалето...

Мајами се пласира во големото финале и покрај тоа што во плејофот влезе како осмопласирана екипа на Истокот, со што стана прв таков случај во 21. век, а втор по Њујорк Никс во 1999 година.
Кошаркарите на Мајами Хит ги совладаа Бостон Селтикс со 103:84 во решавачкиот седми натпревар од финалето на Источната конференција и со тоа се пласираа во големото финале на НБА лигата со вкупни 4-3.
Во решавачкиот меч тимот, кој се врти околу единствената ѕвезда Џими Батлер, кој овојпат постигна 28 поени, славеше сигурна победа и се пласираше во финалето.
Мајами поведе со 3-0 пред да загуби трите последователни натпревари од Бостон, но Селтикс не успеаја да станат првиот НБА тим кој направил целосен пресврт во серијата по заостанувањето од 0-3.
Мајами Хит ќе игра со Денвер Нагетс во финалето.
