Русија

Напади со дронови врз Москва, неколку летала соборени

30.05.2023 10:01

Во Москва две лица побарале медицинска помош по нападот со дрон. Претходно, беше објавено дека рано изутрината напад со дрон врз Москва предизвикал мала штета на неколку згради...

Во Москва две лица побарале медицинска помош по нападот со дрон. Претходно, беше објавено дека рано изутрината напад со дрон врз Москва предизвикал мала штета на неколку згради.

Неколку дронови биле соборени додека се приближувале до Москва. Има информации и дека околу 10 беспилотни летала се движеле кон Москва и областа околу градот.

Претходно во текот на ноќта, руската војска погодила украински воздушни бази, а украинските сили гранатирале индустриски капацитети во Русија.

„Кога дронот лета – тоа е страв. Сите преживеаја – среќни сме што сме живи и размислуваме што ќе се случи понатаму“, изјави Валерија Орешко, жител на Киев.