Мигрантите жртви на трговија со луѓе
Западно-балканската рута и натаму останува атрактивна за мигрантите. Според извештаите на МВР и на меѓународните организации, мигрантите на нивниот пат до посакуваната дестинација се повеќе ги користат услугите на криумчарите, но често стануваат и жртви на трговија со луѓе. Лани идентификувани 9 жртви, од нив дури 8 биле жени. 7 пак се деца на возраст од 14 до 17 години...

Лани биле идентификувани 9 жртви на трговија со луѓе. Од нив дури 8 биле жени. Загрижувачки е податокот што 7 од нив се деца на возраст од 14 до 17 години. Центарот за жртви на трговија со луѓе соодветно функционира со целосен капацитет од згрижување на 6 лица, уверува министерката Тренчевска. Зголемена е и финансиската поддршка за центарот. Сепак, Тренчевска рече дека постои и потреба од подолгорочна инвестиција која ќе вклучува проширување на сместувачките капацитети и обезбедување на безбедно враќање на жртвите.
Западно-балканската рута и натаму останува атрактивна за мигрантите, а извештаите на Министерството за внатрешни работи, но и на оние од релевантните меѓународни организации укажуваат дека мигрантите на нивниот пат до посакуваната дестинација се повеќе ги користат услугите на криумчарите. Имајќи ја предвид ранливоста на мигрантите, во многу случаи, самите тие од корисници на услуги стануваат жртви на трговија со луѓе.
За елиминирање на трговијата со луѓе важни се работните услуги, смета германскиот заменик-амбасадор во земјава.
Превенцијата и сузбивањето на трговијата со луѓе се високо позиционирани на агендата на Владата. МВР важноста ја придава и на меѓународната соработка, во рамките на која се спроведуваат различни проекти неопходни за надградба на капацитетите.
Ана Јосифоска Тодоровска
