Предлогот на работната група пред Министерство за правда
Предлог-иницијативата е во Правда. Се проверува од технички аспект, по што ќе биде дадена на превод на албански јазик. Откако конечно ќе биде подготвена, ќе биде испратена во Владата на понатамошно разгледување.

Иако првично најавено, седница на Владата за предлозите на работната група за вметнување на 6 народи во Уставот, меѓу кои и бугарскиот, денеска не е закажана, потврдуваат за МТВ од прес-службата.
Предлог-иницијативата е во Правда. Се проверува од технички аспект, по што ќе биде дадена на превод на албански јазик. Откако конечно ќе биде подготвена, ќе биде испратена во Владата на понатамошно разгледување. Откако ќе поминат нацрт-уставните амандмани треба да влезат и во собраниска процедура.
Работната група на седница во петокот ја усвои Предлог-иницијативата за потребата од отворање на Уставот. Се предлага промените да бидат во делот на преамбулата со тоа што „по бошњачкиот народ се додаваат зборовите: бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“. Втората измена е во делот за дијаспората и во амандманот за комитетот за односи меѓу заедниците.
Од претставниците на САД и ЕУ јасна порака-менувањето на преамбулата на уставот е гаранција за почеток на новата фаза од преговарачкиот процес на Македонија со Европската унија. За поддршка, дел од партиите од албанскиот блок бараат и бришење на одредницата 20 проценти и да се замени со албански јазик.
