Иванов денеска во Брисел

15.05.2014 08:28

Ова е прва дипломатска посета на Иванов по неговата инаугурација за шеф на државата, по реизборот на 27 април...

Брисел е првата дестинација на председателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, по неговиот реизбор за шеф на државата. 
 
Освен симболиката, работната посета на Брисел е сериозна  потврда  на европскиот курс на  Република Македонија. 
 
На средбите со председателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј и еврокомесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе се очекува председателот Иванов да побара промена на статус –кво состојбата во евроинтегративниот процес на земјата.