Собрание

Џафери: По добивањето на предлогот почнува процедурата за уставните измени

30.05.2023 13:06

Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува во следните денови Владата да поднесе до Собранието иницијатива за промени во Уставот...

Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува во следните денови Владата да поднесе до Собранието иницијатива за промени во Уставот. Според него, уставните измени се потребни да се донесат за остварување на стратегиската цел на Македонија, а тоа е членство во Европската унија.

„Ова не е интерес само на владејачкото мнозинство, туку интерес на државата. Секое одложување ќе донесе само полошо решение од ова што го имаме сега и сметам дека ние мораме да ја преземеме политичката одлука и цената за идните генерации“, рече Џафери на редовниот брифинг со новинарите на крајот од месецот.