Одбележување

Заболените од мултипла склероза немаат терапија, ниту финансиска помош

30.05.2023 13:16

На Светскиот ден на мултипла склероза, Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет, организираше марш од „Порта Македонија“ до „Даре Џамбаз“, за подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со болеста и нивните специфични потреби за поквалитетен живот и социјална инклузија. Искажано незадоволство од третманот на државата и поради немањето лекови...

Мирен марш во центарот на Скопје со цел да се подигне јавната свест за мултипла склероза. Веќе десет години има иновативни лекови кои ја успоруваат болеста, посебно кај оние кај кои а е рано дијагностицирана. Но, недостигаат лекови кои се препишуваат како редовна терапија. Ова е проблем на над 500 пациенти регистрирани на Клиниката за неврологија.

Економската криза ја продлабочува личната егзистенција на граѓаните со попреченост. Првиот човек на „Мобилност Македонија“, од Министерството за труд побарал зголемување на надоместоците кои ги примаат нивните членови, истите да бидат врзани со процентот на просечна месечна плата.

Остануваат на барањето да се урнат бариерите во основните, средните училишта и на факултетите, бидејќи ако лицата со телесен инвалидите не се стекнат со образование нема да се конкурентни ни на пазарот на труд.

Градоначалничката Арсовка вели Градот Скопје минатата година обезбедил колички за лицата со попреченост.

Маршираа за да ги видат надлежните, да им помогнат да имаат и тие достоинствен живот. Вели градот има само еден сегмент, надлежните министерства треба да работата за овие граѓани да имаат достоинствен живот. Според податоците околу стотина лица со мултипла склероза се дијагностицираат секоја година. Почетните симптоми на МС, се пречки кај сетилата, намалување на острината на видот, губење сила во еден или во повеќе екстремитети, двојни слики, нарушување на рамнотежата и вртоглавица. Симптомите се јавуваат од 20 до 40 години.

 

 

 

 

 

Наташа Јанчиќ Менковски