Свет

Три жртви во пожар во болница во Австрија

30.05.2023 13:43

Според локалните власти, пламенот избувнал синоќа во соба на третиот кат од болницата Ландесклиникум Модлинг во близина на Виена. Дваесет лица се полесно повредени, а околу 90 пациенти морале да бидат префрлени...

Тројца пациенти загинаа во пожар во австриска болница, пренесе ДПА.

Според локалните власти, пламенот избувнал синоќа во соба на третиот кат од болницата Ландесклиникум Модлинг во близина на Виена. Дваесет лица се полесно повредени, а околу 90 пациенти морале да бидат префрлени.

Федералните и провинциските оддели за криминалистичка полиција почнаа да ги истражуваат причините за пожарот.

Две од жртвите биле на возраст од 78 и 81 година. Засега нема информации за третиот смртен случај.