Собрание

Џафери на средба со новиот кувајтски aмбасадор Ал-Фадли

30.05.2023 17:44

Џафери истакна дека негова цел е отворање на резидентни амбасади во двете земји и интензивирање на контактите на сите нивоа. Во таа насока, тој потенцира дека Групите за соработка кои постојат во двата парламенти, се најдобрата основа за иницирање на соработка на парламентарно и на секакво друго ниво.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска остварил средба со новоименуваниот амбасадор на Кувајт за Македонија, Гази Хамад Ал-Фадли, на кој му посака добредојде и успешен мандат. Џафери ја искористил приликата за да се заблагодари за успешната соработка со досегашниот амбасадор, Јакуб Ал-Атики, информираат од собраниската прес- служба.

Џафери истакна дека негова цел е отворање на резидентни амбасади во двете земји и интензивирање на контактите на сите нивоа. Во таа насока, тој потенцира дека Групите за соработка кои постојат во двата парламенти, се најдобрата основа за иницирање на соработка на парламентарно и на секакво друго ниво.

Амбасадорот Ал-Фадли нагласил дека за време на неговиот мандат, ќе работи на унапредување на меѓусебните односи на сите полиња и ја истакнал економската соработка како главна порта за контакти и во таа насока ја образложил неговата намера да се сретне и со членовите на Стопанската комора за да се разгледаат можностите за идната економска соработка. Во тој контекст потенцира дека укинувањето на визниот режим помеѓу нашите земји може многу да ја олесни взаемната соработка.