Ал Хилал му нуди на Меси 1,2 милијарди евра за две години

30.05.2023 17:55

Тимот од Ријад му понуди на Меси двегодишен договор за кој ќе добие 1,2 милијарди евра. Наводно, таткото на напаѓачот веќе ја прифатил понудата.

Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси би можел да се пресели во Ал Хилал, објавуваат повеќе спортски медиуми. Тимот од Ријад му понуди на Меси двегодишен договор за кој ќе добие 1,2 милијарди евра. Наводно, таткото на напаѓачот веќе ја прифатил понудата.

Во исто време, медиумите пренесуваат дека Меси очекува и Барселона да понуди профитабилна понуда.

Во сезоната 2022/23 Меси одигра 40 натпревари на кои постигна 21 гол и 20 асистенции.