Свет

Американските власти не поддржуваат напади врз руска територија

30.05.2023 19:35

Американските власти не поддржуваат напади врз руска територија...

САД не поддржуваат воени напади врз Русија, соопшти денеска Стејт департментот по нападот со беспилотно летало врз Москва, што Кремљ им го припиша на украинските сили.

„Ние не поддржуваме напади во Русија. Ние сме фокусирани на обезбедување на Украина со опрема и обука неопходни за повторно преземање на сопствената суверена територија“, се вели во изјавата на портпаролот на американската дипломатија.

Главниот град на Русија рано утринава беше цел на напад на беспилотно летало, што предизвикало оштетувања на згради и во кој нема жртви.