Компанија на Илон Маск ќе тестира мозочни чипови на луѓе
Одобрувањето го даде Управата за храна и лекови на САД (ФДА), а станува збор за чипови импланти што се наменети да им овозможат на инвалидите повторно да бидат подвижни, со поврзување на мозокот и компјутерот.
Компанијата „Неуралинк“ која е во сопственост на мултимилијардерот Илон Маск, објави дека добила одобрение за тестирање мозочни чипови на луѓе.
Одобрувањето го даде Управата за храна и лекови на САД (ФДА), а станува збор за чипови импланти што се наменети да им овозможат на инвалидите повторно да бидат подвижни, со поврзување на мозокот и компјутерот.
ФДА претходно го одби барањето за тестирање поради загриженост за безбедноста. Компанијата на Маск се надева дека ќе помогне во лекувањето состојби како парализа и слепило.
Чиповите, кои беа тестирани на мајмуни, се дизајнирани да ги интерпретираат мозочните сигнали и да ги пренесуваат преку блутут.