Временска прогноза

Променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд

31.05.2023 08:16

На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, поинтензивни електрични празнења и изолирана појава на град...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, поинтензивни електрични празнења и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.