Раст на извозот на трпезно грозје
15.05.2014 09:04
Извозот на трпезно грозје двојно е зголемен. За жал иако повеќе се барани трпезните, на македонските лозја доминираат вински сорти
Од скоро 250 илјади тони просечно годишно производство, трпезните сорти се застапено со една третина.
Експертите порачуваат нови насади со трпезно грозје,но лозарите сами одлучуваат.
Годинава, субвенцијата изнесува 40 илјади денари по хектар од 0,2 до 5 хектари.
За поголемите површини поддршката соодветно се намалува.
Подигнувањето нови насади се субвенционира од Програмата за рурален развој.
Со четири пати поголемиот и поскап пласман во Русија, последниве 5 години извозот е двојно зголемен од 9 на 18 милиони килограми грозје.
Методија Трајков
