Собранието денеска ќе одржи продолженија на три седници
Во Собранието за денеска се закажани продолженија на три седници – 99, 100 и 112...

Собранието денеска ќе одржи продолженија на три седници – 99, 100 и 112.
На дневен ред на продолжението на 112-та седница се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, двата по скратена постапка и кои се поврзани со пакетот закони за изградбата на Коридорите 8 и 10Д.
Пратениците во рамки на 100-та седница ќе расправаат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за административните такси и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по договорот за заем за финансирање на Проектот „Изградба на нова и реконструкција на постојната делница Бељаковце – Крива Паланка – источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, фаза 2“, по скратена постапка.
На дневен ред на 99-та седница се Предлог одлуката за давање согласност на Годишна програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2023 година, Предлог одлуката за давање согласност на Финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2023 година, Граѓанската иницијатива за распишување на референдум за донесување на закон за поништување на Законот за преобразба на Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија“ број 19/2004), преку овластениот предлагач Ѓорѓи Манасков.
