Украина

Нови напади во Русија, Киев негира вмешаност

31.05.2023 09:24

Нови напади во Украина и Русија, властите тврдат дека бил извршен напад со дрон, а Москва веќе најави остар одговор за претходниот со беспилотни летала врз метрополата...

Пожар во рафинерија во руската Краснодарска област. Властите тврдат дека бил извршен напад со дрон, а Москва веќе најави остар одговор за претходниот со беспилотни летала врз метрополата во кој има повредени. Оштетени се неколку згради.

Руското Министерство за одбрана го оквалификува нападот за терористички акт, а за него ја обвини Украина. Киев негира вмешаност. САД соопштија, дека не ги поддржуваат овие напади. Во меѓувреме, МААЕ претстави пет принципи за да се спречи нуклеарна несреќа во Украина.