мвр

Обука за вработените во Одделот за форензички испитувања од областа на заштита и спасување

31.05.2023 09:42

Обуката ќе опфати и практичен дел, кој ќе се реализира на паркингот позади новиот објект за форензика, а ќе опфати гасење пожар со ПП апарати...

Денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи во Скопје во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување ќе биде спроведена обука за вработените во Одделот за форензички испитувања од областа на заштита и спасување. Обуката ќе опфати и практичен дел, кој ќе се реализира на паркингот позади новиот објект за форензика, а ќе опфати гасење пожар со ПП апарати.

Од МВР информираат дека станува збор за обука (вежба) со цел да не се создаде вознемиреност кај граѓаните.