Средба со организаторот на „Самитот за климатски промени 2015“
15.05.2014 09:25
Во организација на Амбасадата на Франција, Гоу Грин Скопје и Сојузот на извидници на Македонија, денеска во Францускиот институт во Скопје, ќе се одржи средба со организаторот на „Самитот за климатски промени“, кој ќе се одржи 2015 година во Париз, а воедно ќе биде промовиран и проектот „Младите за пониски емисии на јаглерод диоксид“.

За „Улогата на малите земји во намалување на влијанието на климатските промени“ излагања ќе имаат француската амбасадорка, Лоренс Оер, организаторот на Самитот за климатски промени во 2015, Пјер Гињар и државниот советник за климатски промени при Министерството за животна средина на РМ, Теодора Обрадовиќ Грнчаровска.
„Самитот за климатски промени“ претставува најголемиот собир на државници од целиот свет во борбата против климатски промени и Самитот во 2015 се очекува да биде клучен за потпишување на обврзувачки договор за намалување на ЦО2 емисиите и инвестиции за помош на помалите и посиромашни земји.