мвр

Приведен крадец од Штип, сторил кривично дело во Гостивар

31.05.2023 11:01

Тој се сомничи дека околу 13.45 часот во парк на ул. „Живко Брајковски“ во Гостивар одзел паричник од малолетничка од Гостивар...

Вчера околу 17.30 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 18-годишниот Н.А. од Штип, со живеалиште во Радовиш. Тој се сомничи дека околу 13.45 часот во парк на ул. „Живко Брајковски“ во Гостивар одзел паричник од малолетничка од Гостивар.

По целосно документирање на случајот на Н.А. ќе му биде изготвен поднесок, информираат од МВР.