Скопје

Опожарени контејнери во Ѓорче Петров

31.05.2023 12:12

Еден од контејнерите бил лоциран спроти Европската очна клиника, додека останатите два контејнера се опожарени во непосредна близина на Геријатриската болница...

Во текот на изминатите два дена, непознати сторители опожариле три сада наменети за одлагање комунален отпад на главната улица во скопската општина Ѓорче Петров.

Еден од контејнерите бил лоциран спроти Европската очна клиника, додека останатите два контејнера се опожарени во непосредна близина на Геријатриската болница. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија целосно расчистување на микролокациите и поставија нови садови.