ГЕРМАНИЈА

Во Германија уапсени осомничени поддржувачи на Исламска Држава

31.05.2023 12:24

Седум осомничени поддржувачи на Исламска држава се уапсени во неколку сојузни покраини...

Седум осомничени поддржувачи на Исламска држава се уапсени во неколку сојузни покраини. Претреси имало и во 19 имоти, вклучувајќи, меѓу другото и региони во Берлин, Баварија, Бремен.

Четирите жени и тројцата уапсени мажи се товарат дека преку донации ги поддржувале терористички активности на Исламска држава.