Здравство

Истражување на СЗО, недостигаат термини за специјалисти

31.05.2023 12:26

55 проценти од граѓаните во истражувањето на СЗО, рекле дека пациентот или оди во приватна клиника или чека да умре, нема друг избор, 57 насто истакнале дека недостигаат термини за специјалисти...

Сериозен проблем во пристап до здравствена заштита поради долги листи на чекање. 55 проценти од граѓаните во истражувањето на СЗО, рекле дека пациентот или оди во приватна клиника или чека да умре, нема друг избор, 57 насто истакнале дека недостигаат термини за специјалисти.

Речиси половина од испитаниците рекле дека ако немаат врски и ако не почастат има сериозна пречка да бидат прегледани. Министерот топката за овие ситуации ја префрла во лошото работење на неговите претходници, тој има визија и решение.

Истражувањето покажува и дека 24 проценти од жените немаат матичен гинеколог, 26 насто од пациентите тешко доаѓаат до лекови.

 

 

Наташа Јанчиќ Менковски