СЕВЕРНА КОРЕЈА
Северна Кореја неуспешно лансираше воен сателит
31.05.2023 12:30
Новата носечка ракета „Чолима-1“откажала поради нестабилност на моторот и системот за гориво...

Северна Кореја пријави неуспешно лансирање на носечка ракета на воен извидувачки сателит. Лансирањето на ракетата претходно предизвика тревога во Сеул.
Новата носечка ракета „Чолима-1“откажала поради нестабилност на моторот и системот за гориво.
Белата куќа и ОН го осудија лансирањето во вселената со користење на технологија на балистички ракети.
