Поплави во Србија, снег во Босна и Херцеговина
15.05.2014 09:39
Вонредна состојба е прогласена во 16 општини во Србија, а евакуирани се над 500 лица. Штабот за вонредни ситуации на Белград одржува седница утрово.
Белградскиот градоначалник синоќа изјави дека во Умчари се удавило едно лице, и тоа е прва жртва од поплавите во Белград. По седницата на Градскиот штаб за вонредни ситуации апелираше до граѓаните да ги почитуваат советите на надлежните органи.

– Во Умчари имаме и прва жртва. Се удави човек кој не почитувал совети од надлежни органи кои барале од него да се евакуира од куќата. Наша примарна цел е да избегнеме такви случаи, изјави градоначалникот Синиша Мали.
Само на територијата на Белград веќе наврнаа 55 литри вода по квадратен метар, што е колку и месечен просек на врнежи, а евакуирани се најмалку 50 лица. Голем број возила на градскиот превоз на одделни линии од утрово во Белград сообраќаат на изменети траси заради дождот и големата колична вода на улиците и шините, изјави за Танјуг дежурен диспечер во Градското сообраќајно претпријатие Белград.
Додека во Србија, мака мачат со поплавите во Босна и Херцеговина, на ридот Фоча на преминот кон Сараево, наврнаа неверојатни 40 сантиметри снег.